Кардиф тврди дека смртта на Сала предизвила испаѓање, па бара отштета од 95 милиони евра

фото: EPA-EFE/EDWARD BOONE

Фудбалската јавност беше шокирана од неверојатното барање на велшкиот клуб Кардиф сити кој бара од француски Нант да му плати 95 милиони евра поради смртта на Емилијано Сала, фудбалер кој требаше да го промени клубот за време на зимскиот преоден рок во 2019 година и се пресели од Франција во Велс.

Да потсетиме, трансферот беше договорен и аргентинскиот фудбалер требаше да отпатува во Кардиф и официјално да стане нов играч на велшкиот клуб. Но, тоа не се случи бидејќи хеликоптерот во кој се наоѓаше Сала, се урна додека патуваше за Велс.

Кардиф верува дека Сала сигурно би му помогнал на тимот и со своите голови и асистенции ќе придонесеше за опстанокот на клубот во Премиер лигата. Поради експресното враќање во Чемпионшип, велшкиот клуб загуби токму толку пари поради ТВ права, рекламирање и спонзорство.

Несреќниот лет на аргентинскиот фудбалер го организирал неговиот агент Вили Мекки во име на Нант, па Кардиф го смета францускиот клуб за одговорен за несреќата.

Пред идејата на Кардиф за отштета од 95 милиони евра, целиот случај беше предаден на Судот за спортска арбитража, кој ќе одлучи дали велшкиот клуб се договорил со Нант за трансфер вреден 15 милиони фунти пред несреќата и дали Францускиот клуб ќе мора да ги плати парите.

Организаторот на трагичниот лет на Емилијано Сала осуден на 18 месеци затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот