Организаторот на трагичниот лет на Емилијано Сала осуден на 18 месеци затвор

Конечно е прогласен виновникот за авионската несреќа во која загина Емилијано Сала/фото: EPA-EFE/EDDY LEMAISTRE

Посредникот кој го организираше летот на авионот кој се сруши и во несреќата загина фудбалерот Емилијано Сала е осуден на 18 месеци затворска казна бидејќи ангажирал пилот за кој знаел дека не е квалификфикуван.

По две недели сослушување и седум часа заседавање, поротата на судот во Кардиф го прогласи бизнисменот Дејвид Хендерсон за виновен. На судскиот процес, самиот Хендерсон ја призна вината.

Малиот приватен авион во кој беа фудбалерот Сала и пилотот Дејвид Иботсон се сруши во Ламанш во јануари 2019 година. Телото на 29-годишниот фудбалер беше пронајдено два месеци по несреќата, но телото на 59-годишниот пилот не беше пронајдено. Сала од Франција патуваше во Англија за да потпише договор со Кардиф.

Пилотот Иботсон немал дозвола за комерцијални и ноќни летови, а според обвинителот, Хендерсон го знаел тоа но дејствувал според „сопствени финансиски интереси“.
– Ги игнорирањето на одредени безбедносни барања кога му одговараше на него и на неговите интереси – наведе обвинителот Мартин Гуди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот