Карачиќ пред Ф4 во ЛШ: Секогаш може да има изненадувања, како што имав со Вардар

фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL

На 17 и 18 јуни ќе се одржи Фајнал-фор турнирот од ЕХФ Лигата на шампионите во Келн каде четири екипи ќе се борат за титулата.

Во полуфиналето актуелниот шампион Барса ќе ги одмери силите против Магдебург. А во втората полуфинална пресметка ПСЖ на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез ќе игра против Кјелце.

Во редовите на полскиот клуб Кјелце настапува екс играчот на двократниот европски првак Вардар 1861, Игор Карачиќ.

Хрватскиот плејмејкер со скопските „црвено-црни“ во 2017 и 2019 година се искачи на врвот на Европа. На Кјелце не му се даваат големи шанси на престојниот Ф4 турнир, но Карачиќ вели дека секогаш може да има изненадувања.

– Никогаш не знаеш што може да се случи на Фајнал-фор турнирот. Секогаш постои таа магија во Келн, особено за аутсајдерите, секогаш може да има изненадувања. Како што имав со Вардар. И покрај тоа што годинава нема аутсајдери, сите четири клуба се одлични тимови, подеднакво силни. Сите четири натпревари ќе бидат возбудливи – рече Карачиќ за сајтот на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот