Канада/Ковид-19: Во дом за стари лица 31 починат, персоналот „исчезнал”

Ковид-19 во Франција/ Фото: ЕПА

Франсоа Лего, премиер на најголемата покраина во Канада, Квебек, се обрати пред јавноста и објави дека 31 жител на дом за стари лица со медицинска нега, починале во Монтреал откако во објектот пристигнал новиот коронавирус.

Голем дел од персоналот на тој дом – едноставно „исчезнал”.

„За мене е неприфатливо како ги третитаме најстарите во Квебек“ изјави видно вознемирениот Франсоа Лего, истакнувајќи дека се исплашил од „грозното одбивање“ на персоналот од приватниот дом за стари лица „Херон“ во предградието на Монтреал, Дорвал, каде живееле околу 150 лица.

Потврдено е дека петмина жители на домот биле заразени со Ковид-19, а останатите починале како резултат на невнимание, затоа што не добивале лекови за сериозни хронични заболувања од кои страдале.

Трагедијата не можела да се предвиди ниту на 26 март, кога еден пациент од тој дом бил упатен како сомнителен за корона во Еврејска општа болница, каде му бил дијагностициран Ковид-19, и починал кусо време потоа.

Три дена подоцна друг станар починал во тој дом.

Веднаш потоа, здравствената инспекција влегла во домот и ги нашла неговите штитеници оставени сами, без храна или лекови, јавија локалните медиуми.

Инспекцијата утврдила дека во меѓувреме, голем дел од персоналот едноставно престанал да се пријавува на работа заради наводниот страв од коронавирусот, и без да ги известат надлежните здравствени органи за тоа што се случувало.

Владата на Монтреал, според премиерот Лего, била известена вчера дека починале 31 штитеник на домот. Покрената е кривична истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот