Рака, прсти - Фото: Pexels

Какви ви се рацете, таков ви е карактерот: Родените лидери имаат долг показалец, а еве што значи дебел палец

Многумина веруваат дека карактерните особини на некоја личност можат да се насетат само со внимателно набљудување, дури и пред да ја запознаете. Ова верување потекнува од древната источна култура. Така, на пример, квадратниот облик на дланката укажува на стабилна и рационална личност со изразен смисла за практичност.

Изразено искривени прсти укажуваат на личности со значајни психички проблеми. Тесните зглобови имаат витални, полни со позитивна енергија личности. Кога станува збор за изгледот на прстите, тогаш работите стојат вака, пренесува „Најжена“.

Палец

Долг палец укажува на доминантна личност, која секогаш донесува одлуки по детално разгледување на сите можности. Ако палецот е многу долг, тоа укажува на тиранин кој поставува свои правила на однесување. Тоа се личности кои се интересираат за математика и природни науки.

Крупен (дебел) палец имаат самоуверени, продорни и способни личности.

Краток и дебел палец имаат упорни, доверливи, лојални, внимателни и многу амбициозни личности.

Показалец

Овој прст укажува на амбиции. Долг показалец имаат родени лидери, но ако е премногу долг, тоа е знак на тиранинска природа.

Ако показалецот е со иста должина како прстенестиот (домалиот) прст, тоа е стабилна, самоуверена личност и добар организатор на сопствениот и туѓиот живот.

Ако показалецот е со иста должина како средниот прст, тоа укажува на диктатор кој бара апсолутна послушност.

Ако показалецот е свиткан кон средниот прст, тоа е штедлива личност која многу ги цени материјалните добра.

Среден прст

Неговиот облик и должина укажуваат на социјалниот статус. Ако е прав и сразмерен со останатите прсти, тоа е емотивна, малку осамена личност која внимателно ги планира своите чекори.

Долг и силен среден прст укажува на сериозни, меланхолични личности со тежок живот.

Краток среден прст е својствен за интуитивни личности.

Домал прст

Овој прст укажува на емоциите, способноста да се сака, креативноста и смисла за естетика.

Ако е долг, силен и без деформации, тоа е емоционално урамнотежена личност која знае како да постигне успех и слава. Тоа се родени актери, новинари итн.

Многу долг домал прст имаат интровертни личности.

Краток домал прст имаат срамежливи личности кои тешко ги изразуваат своите чувства.

Мал прст

Овој прст укажува на склоност кон бизнис и трговија.

Долг и рамен мал прст укажува на интелигентна, елоквентна, приспособлива и успешна личност.

Краток мал прст укажува на недоверлива личност.

Свиткан мал прст е својствен за лукави, многу способни личности кои добро ги штитат своите интереси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот