Какви се дроновите кои ја нападнаа Москва

Фото : Дрон UJ-22, чиј производител е Ukrjet, Извор: Twitter

Светската јавност не се смирува откако рано утринава беспилотни летала ја нападнаа престолнината на Москва. Иако официјална Украина не ја презеде одговорноста за нападот, на некои профили на Твитер социјалната мрежа се појави информација дека нападот врз Москва е извршен со помош на повеќе од 30 дронови UJ-22, чиј производител е Ukrjet – фабрика за производство на беспилотни авиони со седиште во Киев.

Во меѓувреме на интернет се појавија и фотографии од овие дронови. Според западните медиуми, ова беспилотно летало се наоѓа во украинските воени резерви од 2020 година, а официјално е пуштено во употреба на крајот на 2022 година. Кога станува збор за спецификациите, овој дрон може да лета до 800 километри и да носи товар од 15 до 20 килограми.


Инаку, на официјалната веб-страница на Ukrjet пишува дека овој повеќенаменски беспилотен систем на авиони може да лета во која било сезона или период од денот, вклучувајќи ги и неповолните временски услови.

Исто така, овa летало може да врши разузнавачко летање, пребарување и спасувачки задачи во интерес на војската, полицијата и спасувачките служби. Максималниот опсег на контролиран лет е 100 километри. Тоа е максималното можно растојание за радио врска помеѓу дронот и неговиот команден центар. Комуникацијата се пренесува преку шифриран канал.

Доколку целта е подалеку од максималниот дострел, дронот работи автономно следејќи ги претходно програмираните координати и височина. Интересно е и тоа што дронот е опремен со систем за автопилот кој овозможува лет без GPS сигнал. Оваа функција е корисна кога непријателот користи електронски контрамерки за да го заглави сигналот. Во режим без екипаж, дронот може да лета во секое време од денот и сезоната, дури и во неповолни временски услови и кога непријателот користи електронски контрамерки.

 

Дронот има вградена камера од 64 мегапиксели, која пренесува слики во реално време до базната станица.

Кога станува збор за муниција, овој авион може да носи различни бомби за слободен пад или четири минофрлачки мини од 82 милиметри или РПГ-7 противтенковски ракетни фрлачи. Товарот се ослободува на претходно дефинирани координати. Интересно е што дронот е дизајниран така што нема опција да се врати во базата со муницијата со која е лансиран.

Имено, доколку не може да ја најде целта, пред слетувањето ја фрла муницијата на безбедно место. Интересно е што исто така, наместо оружје, дронот може да биде опремен со камера и да се користи за извидувачки улоги. UJ-22 може да лета до седум часа. Со дронот управува двочлен екипаж на земја, вклучувајќи пилот и контролер на товар. Базната станица може да се заснова на камион со висока мобилност. Базната станица може да контролира два до три од овие дронови. Обуката на операторот трае еден месец.

Инаку во спротивно, ако се покаже дека е точно дека овие дронови биле користени во нападот, тоа ќе биде втор пат овие дронови да летаат над руската страна. Тоа се случи за прв пат во февруари 2023 година, кога овој дрон се урна во Русија на 100 километри од Москва. Тој успеал да помине околу 460 километри до руска територија без да биде уништен од руската противвоздушна одбрана, јавуваат светските медиуми.

ВИДЕО | Напад со дронови врз Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот