Како паметно и безбедно да се вратите на тренинзите по празниците?
Празниците се време за одмор и опуштање, но враќањето во секојдневниот ритам честопати открива колку телото се променило. Умор, тежина во движење, недостаток на енергија и нарушена рутина се чести предизвици при враќањето на тренинзите, особено ако се обидете да го повторите истиот интензитет како пред паузата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Зошто телото реагира поинаку по празниците
За време на празниците се менуваат речиси сите навики за движење: седиме повеќе, се движиме помалку, спиеме во различен ритам, а телото поминува повеќе време во статични позиции. Ова доведува до намалена кондиција, зголемена мускулна напнатост, помала подвижност, слаба стабилност на торзото и нарушено чувство на контрола на движењето.
Паметен и безбеден пристап
Наместо нагли интензивни тренинзи, експертите од PhysioPlus центарот за рехабилитација препорачуваат постепен „ресет“ за телото. Фокусот треба да биде на квалитетот на движењето, стабилноста на телото и контрола на движењето, пред да се премине на поголеми оптоварувања.
– Проценка на држењето и движењето
– Намалување на мускулната и фасцијалната напнатост
– Постепено враќање на подвижноста на зглобовите
Целта на физиотерапевтскиот пристап
Многумина по празниците се чувствуваат несигурно во своето тело – движењата се потешки, координацијата слаба, а уморот се јавува побрзо. Целта е враќање на чувство на стабилност и доверба во телото, пред да се зголеми интензитетот на тренинзите.
Практични совети за тренинзи по пауза
– Почнете едноставно и постепено
– Фокус на мобилност на ‘рбетот и колковите
– Вежби за стабилизација на торзото
– Свесно дишење и кратки тренинзи со умерен интензитет
– Постепено зголемување на оптоварувањето во тек на неколку недели
Кога постојат болки или изразена вкочанетост, терапевтски методи како мануална терапија и работа со меки ткива можат да ја олеснат регенерацијата и да овозможат безбеден повраток на движењето.
Клучна порака
Враќањето во форма е процес, не краткорочен проект. Постепениот и внимателен пристап не само што го намалува ризикот од повреди, туку и долгoroчно носи подобри резултати, поголема мотивација и подобар однос кон сопственото тело.
Ако чувствувате вкочанетост, несигурност или болка, тоа не е слабост – тоа е сигнал дека телото треба внимание, разбирање и квалитетна подготовка пред повторно да се вклучите во интензивни активности.


