Како од отпад да направите супер корисни работи: 18 генијални идеи! (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб

Како од два различни чинии да направите сталажа за зачини, а како од кутија за чевли да направите убава висечка полица…

Од многу работи кои секојдневно ги фрламе, затоа што веруваме дека тие повеќе не можат да послужат за ништо, ние всушност можеме да направиме супер корисни мали работи!

На пример, две пластични (или керамички) чинии што не ни се вклопуваат во ниеден сервис, можеме да ги искористиме за да направиме убава сталажа за зачини, доколку имаме и вишок една искористена конзерва!

Кутиите за чевли кои обично завршуваат во ѓубре искористете ги паметно – од нив лесно можете да направите висичка полица за гардероберот таму каде што ви недостасува преграда, а од малку картон можете да направите и сепаратор за совршено склопена и раздвоена долна облека и козметика, така што се ќе биде убаво и видливо средено, и повеќе нема да губите време да барате и да пребарувате по работите што ги сакате!

Дознајте како се прави сето ова, но и многу други интересни и корисни работи кои можете да ги научите во видеото подолу!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот