Како изгледа маската од 212 илјади евра и зошто чини толку? (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Не, таа нема да ве заштити подобро од другите маски…

Луксузната компанија за креирање и производство на накит „Jacob & Co“ ја претстави својата заштитна маска вредна дури 250 илјади долари (212 илјади евра).

Станува збор за маска која нема да ве заштити подобро од другите маски кои се достапни на пазарот, но тука не станува збор за здравјето, туку за престижот – маската е прекриена со мрежа од бело злато која дава илузија дека станува збор за платно, а украсена е со дури 3.040 ситни дијаманти.

Фото: Профимедиа

Необичниот моден детал може да се пофали со вкупно 73,327 карати.

Маската е тешка неполни 157 грама. Од компанијата истакнуваат дека е предвидено оваа маска да се носи преку стандардната заштитна маска, според која е и моделирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот