Борислав Пекиќ - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Како да престанете да се плашите од стравот? Цитатот на денот од Борислав Пекиќ ќе ви го олесни животот

Цитатот на денот од Борислав Пекиќ е најважната лекција за оваа недела која ќе ви го олесни секојдневието. Околу нас денес има многу застрашувачки работи.

Стравот е добар сојузник на човекот за опстанок, но може да биде и најголема пречка навистина да се живее. Токму затоа е важно да научиме како да го разбереме  и како да не му дозволиме да нè запре. Еден цитат на Борислав Пекиќ ги отстранува сите стравови.

„Она што мора да биде, не е страв. За страв е само она што не мора да биде, а сепак се случува“, напиша Борислав Пекиќ во својот култен роман „Беснило“.

Илустративна фотографија за тага и загриженост / Фото: Pexels

Лекција за прифаќањето

Пекиќ нè потсетува дека често се плашиме од погрешни работи. Она што е неизбежно не треба да биде извор на страв, бидејќи е надвор од наша контрола, прифаќањето на таа реалност носи мир. Вистинскиот немир доаѓа од непредвидливото, од хаосот на животот каде што се случуваат нешта кои не морале да се случат.

Стравот тогаш не е само инстинкт, туку и последица на нашата потреба за сигурност и смисла. Поентата на овој цитат е да научиме да го разликуваме неизбежното од непознатото, и да ја пронајдеме храброста токму во таа разлика.

Кој беше Борислав Пекиќ?

Борислав Пекиќ (1930 – 1992) беше еден од најзначајните писатели во српската книжевност на 20-тиот век, романсиер, драмски писател и сценарист. Иако својот прв роман го објавил релативно доцна, во 35-тата година, неговите дела набрзо го поставија меѓу најважните автори на своето време.

Неговото капитално дело „Златно руно“ често се споредува со врвните достигнувања на светската книжевност, додека романите како „Беснило“ и „Годините што ги изедоа скакулците“ одбележаа цели генерации читатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот