Како да ги отстраните сите бактерии и пестициди од јагодите, малините и другото ситно овошје: Ова е единствениот сигурен начин!

Ситните плодови не можеме добро да ги истриеме со рацете како јаболките и праските, па токму затоа мора да се послужиме со веќе испробани трикови…
Овошјето кое го купуваме во супермаркетите и на пазарите може да биде полно со бактерии, па токму затоа пред консумирањето погрижете се тоа добро да е измиено…
Најпрвин добро измијте ги вашите раце, со цел да не ги пренесувате бактериите на храната.
Потоа, овошјето измијте го под силен млаз вода. Под млазот вода нежно истријте ги плодовите, а можете да користите нежно сунѓерче или четкичка кои ќе ви бидат наменети искучиво за миење овошје. Имајте на ум дека дури и овошјето и зеленчукот кои се лупат мора добро да се измијат, бидејќи при самото лупење бактериите и пестицидите лесно може да се пренесат на чистиот дел од плодот.
Ситно овошје

Јагодите, малините, капините, боровинките… и другото ситно овошје е најтешко да се измие поради мекоста и не е така лесно да се истрие со рацете како што тоа е случај со јаболката.
Алкохолниот оцет е одличен за убивањето на сите штетни микроби на овошјето. Сода бикарбоната поради својот состав е добро средство за извлекувањето на штетните токсини од овошјето, а тоа го потврди и најновата студија од Универзитетот во Масачусетс.
Овошјето најпрвин оставете го во растворен оцет дваесетина минути, потоа исплакнете го убаво и потопете го во растворена сода бикарбона и оставете го да отстои половина час, а потоа исплакнете го добро под млаз ладна вода.