Какао / Фото EPA/JORGE TORRES

Какаото во индустријата ќе го замени растение кое го има по Медитеранот

Климатските промени сè повеќе им се закануваат на посевите со какао, а чоколадото сè повеќе се опишува како еден вид „климатски барометар“, објави bljesak.info.

Околу 60 проценти од светското какао доаѓа од Западна Африка, особено од Брегот на Слоновата Коска и Гана, земји со топла и влажна клима, каде што периодите на обилни врнежи се менуваат со кратки суши.

Сепак, последните две години донесоа драматичен пад на производството, до 40 проценти. Последиците се веќе видливи. Цените на чоколадото го достигнаа највисокото ниво од 70-тите години на минатиот век, а експертите предупредуваат дека до 2050 година светот би можел да се соочи со сериозен недостиг на какао.

Научниците пронајдоа алтернатива во рогачот. Ова растение, од медитеранските региони, е познато по својата висока отпорност на суша и високи температури, со минимални потреби за вода. По печењето, рогачот ослободува арома слична на какаото, но неговиот вкус не е целосно идентичен. За да го променат ова, истражувачите развија две техники базирани на употреба на ензими, кои ја подобруваат горчината и природната сладост на растението.

Научниците веруваат дека подобрениот вкус на рогачот би можел да ги охрабри производителите да го користат во производи традиционално направени од какао, како што се чоколадни плочки, какао во прав и пијалоци.

Рогачот (Ceratonia siliqua) е медитеранско зимзелено растение, ценето како храна и лек, кое расте и во потоплите области и традиционално се сади како важна дополнителна култура како шипки или ловор. Мешунките се користат за брашно, сируп, ликери и како здрава замена за какао.

 

На светот му се заканува исчезнување на какаото до 2050 година! Научниците бараат замена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот