Кај Вејце се одбележаа 25 години од масакрот на ОНА врз македонските војници и полицајци
Помеѓу тетовските села Селце и Вејце, на Шар Планина, претставници на армијата, полицијата и на политички партии денеска одбележаа 25 години од најсуровото злосторство извршено за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, пренесе „Телма“.
Препорачано
На тоа место, во заседа поставена од милитанти на Ослободителната народна армија (ОНА) загинаа четворица полицајци и четворица специјалци на АРМ од единицата „Волци“, сите од Битола, на возраст од 24 до 28 години.
Тогаш загинаа Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24). Откако ги убиле, припадниците на ОНА крвнички се изживувале врз нивните тела. За тоа воено злосторство досега никој не одговарал.
Одбележувањето почна со оддавање на минута молк, по што млади тетовски вокалисти ја изведоа македонската химна и рецитали посветени на бранителите. Пред плочата со имињата на загинатите полицајци и војници потоа положија цвеќе претставници на Одборот, Министерството за одбрана, Армијата, МВР, политички партии, повеќе организации и здруженија на бранителите и припадници на безбедносните сили, македонски навивачки групи и граѓани.
Во нападот беа повредени и шестмина припадници на македонските безбедносни сили.
ФОТО | Пред точно четврт век во Тетово избувна воениот конфликт


