Јужнокорејската серија руши рекорди: Squid Game на пат да стане најуспешна серија на Нетфликс

Squid Game („Играта лигња“) / Инстаграм @squidgame_netflix

Само неколку дена по премиерата на 17 септември, Squid Game влезе во топ 10 на светската популарна ранг-листа на Нетфликс серии. Наедно, за прв пат во историјата, јужнокорејска серија се искачува на првото место на топ 10 листата на Нетфликс серии во САД.

Инстаграм / @squidgame_netflix
Актуелната јужнокорејска серија Squid Game („Играта лигња“) со само девет епизоди успеа да го сврти вниманието на светската публика кон себе и веќе е на пат да стане најгледаната серија на Нетфликс.

Според изјавата на ко-извршниот директор на гигантската стриминг платформа, Тед Сарандос, за време на „Код 2021“ (годишна технолошка конференција организирана во Беверли Хилс, Калифорнија, од американската медиумска компанија „Вокс Медиа“), дистописката јужнокорејска серија е веќе најуспешната Нетфликс серија од неанглиско говорно подрачје.

Squid Game („Играта лигња“) / Инстаграм @squidgame_netflix

Squid Game ги надминува сите неанглиски хитови на Нетфликс, вклучувајќи ја и шпанската крими-трилер серија „Куќа од хартија“ и француската мистерија „Лупин“. – истакнува Сарандос.

Само неколку дена по премиерата на 17 септември, Squid Game влезе во топ 10 на светската популарна ранг-листа на Нетфликс серии. Наедно, за прв пат во историјата, јужнокорејска серија се искачува на првото место на топ 10 листата на Нетфликс серии во Соединетите Американски Држави.

Инстаграм / @squidgame_netflix

Смртоносен турнир во детски игри

Squid Game е дистопична хорор приказна за повеќе од луѓе чии тешки животни услови, финансиски проблеми и долгови ги принудуваат тие самите да се пријават за учество на турнир во познати корејски детски игри, со надеж дека ќе ја освојат главната награда од 38.5 милион долари.

Инстаграм / @squidgame_netflix

Но, во моментот кога игрите започнуваат, очајните учесници сфаќаат дека се измамени. Нивните омилени игри од детството, како што се „џамлии“, „влечење со јаже“ и „следи го водичот“, не се ни приближно безопасни како што ги паметат, а тие стануваат дел од смртоносен турнир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Squid Game (@squidgame_netflix)

Автор на сценариото за сите девет епизоди е режисерот на Squid Game, Хванг Донг-Хјук, според кој тајната на успешниот прием на серијата кај публиката лежи во нејзината „едноставност“.

– Гледачите имаат можност повеќе да се фокусираат на сложеноста на ликовите и целосно да се посветат на приказната кога правилата на игрите се едноставни. – вели Хванг во интервју за „Нетфликс Кореја“ – Луѓето ги привлекува застрашувачката иронија кога возрасни луѓе ги ризикуваат своите животи за да освојат пари за да ги отплатат своите долгови играјќи детски игри.

Инстаграм / @squidgame_netflix

Критика кон општеството

Хванг Донг-Хјук за прв пат почнал да ја развива идејата за Squid Game уште пред 14 години, кога се соочил со остри критики за „извртување на носталгијата за корејските детски игри во медиум за сценарио за преживување“.

Но, според корејскиот културен критичар Дук Хјун-Џунг, „серијата успева да ја избалансира сложеноста на културните разлики наспроти глобалните прашања“

– Иако специфичните корејски детски игри прикажани во серијата можеби се непознати за глобалната публика, Squid Game  успеа да постави универзални прашања за капитализмот и конкурентното општество на начин што е лесно да се разбере. – вели Џунг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Squid Game (@squidgame_netflix)

Дали Squid Game е плагијат на друга серија или филм?

Покрај бројните позитивни критики, дел од гледачката публика го обвини режисерот на Squid Game за плагијат, но концептот на смртоносни игри не е воопшто нов. Постојат голем број на филмови и серии чии премиси се движат по слична траекторија како онаа на Squid Game.

Трејлер:

Слични содржини

За оние кои уживаа во оваа серија и би сакале да погледнат нешто слично, следниве неколку наслови сигурно ќе им донесат еднаква возбуда: Battle Royale („Битката Ројал“ / филм, Јапонија, 2000), Saw („Пила“ – филм, САД, 2004), Liar Game („Игра на лажговци“ – серија, Јапонија, 2007), Deadman Wonderland („Дедмен Вондерленд“ – аниме, Јапонија, 2011),  Hunger Games („Игрите на гладта“ – филм, САД, 2012), As the Gods Will („Како што сакаат боговите“ – филм, Јапонија, 2014), „3%“ (серија, Бразил, 2016) и Alice in Borderland ( „Алиса во Бордерленд“-  серија, Јапонија, 2020).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот