Југослав Јовановиќ ја призна најголемата кражба во Британија: На Тамара Еклстон ѝ украде 25 милиони фунти

Југослав Јовановиќ, 24-годишник од Милано, признал дека учествувал во криумчарење на пари и накит во вкупна вредност од 26 милиони фунти, кои ги украл од домовите на славните личности во Велика Британија.

Како што објавил британски „Телеграф“, криминалецот Југослав бил дел од меѓународната банда крадци кои, меѓу другото, ја ограбиле и викендицата на богаташката Тамара Еклстон (37) во Кенсингтон, што била најголемата кражба на дом досега во Британија.

Ќерката на Берни Еклстон (90), поранешен шеф на Формула 1, во времето на кражбата, која се случила во декември 2019 година, со нејзиниот сопруг Џеј Рутланд и ќерката Софија била на одмор во Лапонија, Финска. Тогаш ѝ биле украдени накит и пари во вредност од 25 милиони фунти.

Бандата во која дејствувал Јовановиќ исто така украла имот вреден околу 50.000 фунти од домот на поранешниот фудбалер Френк Лампард во западен Лондон, а нивна мета бил и домот на починатиот Вичај Сриваданапраба, сопственик на фудбалскиот клуб Лестер Сити. Провалено е и во неговиот дом, кој неговото семејство по неговото загинување во хеликоптерска несреќа во 2018 година, го претворила во своевидно светилиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frank Lampard (@franklampard)

Полицијата не успеала да ги врати парите и накитот од трите споменати грабежи, а се верува дека украдените 26 милиони фунти се изнесени во странство.

Откако беше екстрадиран од Италија, на Јовановиќ требаше да му се суди во Ислеворт, но тој во средата се изјасни за виновен за заговор со цел перење пари, злосторство што го извршил со меѓународната банда помеѓу 10 декември 2019 и 31 јануари 2020 година. Украдената стока планирале да ја прошверцуваат надвор од државата.

Тој претходно ја признал и вината за кражбата извршена помеѓу 29 ноември и 18 декември 2019 година, а се изјаснил за виновен и за неуспешниот обид да купи две јакни од марката „Луј Витон“ од стоковната куќа „Хародс“, кои сакал да ги плати со украдени пари.

Казната за Југослав ќе биде изречена на 15 ноември, како и на италијанските државјани Алесандро Малтезе (45) и Алесандро Донати (44), кои исто така беа екстрадирани во Велика Британија, каде што ја признале вината за заговор за грабеж. Четвртиот провалник Даниел Вуковиќ (40) никогаш не е фатен, а наводно се наоѓа во Белград.

По двомесечното судење, романските државјани Александру Стан (50), Сорин Марковичи (54), Мариа Местер (48) и Емил Богдан Савастру (30) во јануари годинава беа ослободени од обвиненијата за учество во планирањето на споменатите кражби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот