Јовановски останува претседател на ОФМ

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Актуелниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски и во наредните четири години ќе биде предводник на ОФМ откако денеска повторно ја доби довербата од делегатите на изборното собрание.

Јовановски кој веќе 11 години е на чело на ОФМ, на денешното изборно собрание имаше само еден противкандидат, поранешниот репрезентативец Јовица Симовски, а „претседателскиот смеч“ заврши со 17:4 во корист на актуелниот претседател.

ОФМ најголемиот успех го имаше минатата година кога за прв пат успеа да настапи на Европско првенство.
Старо-новиот предводник на македонската одбојка на собранието доживеа еден „пораз“ откако не беше усвоен финансискиот извештај за минатата година поради што ќе биде ангажирана ревизорска куќа да направи нов извештај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот