фото: vfmkd.org.mk

Јовановски и Деспотовски на Генералното собрание на Балканската одбојкарска асоцијација

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе присуствуваат на 26. Генерално собрание на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА), кое ќе се одржи денеска во Тирана, Албанија.

Актуелниот претседател на БВА и на Албанската одбојкарска федерација, Ерлинд Пељумби ќе претседава на Собранието, на кое покрај претставниците на единаесетте земји – членки на Асоцијацијата ќе присуствува и Роко Сикириќ, претседател на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).

Агендата на Генералното собрание ќе вклучува извештаи за активностите на БВА во 2024 година, финансиски извештај, како и дефинирање на натпреварувањата во одбојка и одбојка на песок во 2025 година, како и можните организатори.

Еднa од најинтересните точки на дневниот ред е разгледувањето на апликацијата на Одбојкарската федерација на Малта за влез во балканското одбојкарско семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот