Јованоска: Олимпијада, сон на секој спортист, пред сè голем предизвик

Остануваат уште двајца спортисти на Олимписките игри во Токио кои треба да ја претстават Македонија, тие се каратистката Пулексенија Јованоска и борачот Могамедгаџи Нуров.

Јованоска, нашата најдобра каратистка во кати и стипендист на Македонскиот олимписки комитет Јованоска ќе учествува на Олимпијадата.

Според програмата таа ќе настапи на 5 август во 03.00 часот по македонско време (10.00 часот по локално) во Нипон Будокан салата во Токио.

Ја доби довербата од МОК и ИОК и доби покана за учество на ОИ ТОКИО 2020, во дисциплината Кати.

– Олимпијада! Самиот збор носи тежина. Сон на секој спортист. Да бидеш меѓу елитата на спортот. Заедно со сите светски имиња. Пред сè голем предизвик. За мене како спортистка со резултати во континуитет ова некако ќе ги заокружи сите макотрпни години, сите неправди од спортот. И секако носам одговорност за луѓето кои веруваа во мене и ми ја дадоа ова шанса, тимот на олимпискиот комитет – ни изјави Јованоска во интервјуто за веб порталот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот