Јапонец го освои првото злато во скејтборд во историјата на ОИ

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Скејтбордот дебитира на Олимписките игри како спорт, а честа да се запише во историјата како прв победник и освојувач на златниот медал ја доби Јуто Хоригоме од Јапонија.
Во дисциплината скит, Хоригоме славеше пред Бразилецот Келвин Хефлер и Џегер Итон од САД.

Интересно е што 22-годишниот Јапонец израсна во непосредна близина на местото каде се одржуваше натпреварувањето.

Натпреварите во скејтборд бродолжуваат на 26 јули кога во истата дисциплина ќе се натпреваруваат и дамите, а потоа ќе следат и натпреварувањата во дисциплината парк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот