Јаневска најави дека ќе се затвораат институти кои не го почитуваат законот
Веројатно ќе следи затворање на повеќе институти кои се нефункционални и не го почитуваат законот, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Препорачано
Одговарајќи на новинарско прашање за реивизјата што ја прави Државниот просветен инспекторат на универзитетите и институтите, Јаневска соопшти дека досега е направена ревизија на 15 институти, а во моментов се проверуваат уште пет.
-Има дополнително два, за кои деновиве треба да заврши процедурата, и да бидат затворени. На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, коишто се најдени. Но, според извештаите кои ги читав многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите – изјави Јаневска.
Таа смета дека е добро за високото образование и науката во земјава конечно да се воведе ред, а секој, како што вели Јаневска, којшто исполнува услови ќе функционира.


