Јадев леб и маст, а денеска имам заработено повеќе од милион евра: Пејачката Дара Бубамара за тешкото детство! (ФОТО)

Дара Бубамара е една најпопуларните српски пејачки која може да се пофали со бројни настапи, високи хонорари, недвижности кои ги поседува…. Но, не било секогаш така.

Пејачката се навратила во своето детство, кога нејзиното семејство немало доволно пари, па се случувало тие да немаат да и дадат џепарлак, а понекогаш јаделе само леб и маст.

– Успеав бидејќи морав да се борам, ништо не ми е дадено на послужавник. Во животот сум заработила повеќе од милион евра, а некогаш немав за основни работи – започнала да раскажува Дара за српски „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

✍️☕️❤️

A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) on


– Се сеќавам дека му зборев на татко ми да ми купи фустан и чевли, а тој ќе ми кажеше: „Не може, немам сега пари, ќе ти дадам кога ќе земам плата“. Денешните деца се многу поразлични, мораат да се и веднаш. Не јадевме по ресторани како денеска, туку дома, а мајка ми постојано готвеше – рекла Дара.

– Се случуваше да јадеме леб и маст. За време на школскиот одмор одев дома да јадам, бидејќи немаа секогаш да ми дадат џепарлак. Но, благодарна сум за се што направија за мене. За тоа станот во кој живее татко ми го откупив од неговата фирма и го реновирав – изјавила пејачката.

Дара многу млада почнала да заработува пари од настапи, па прво си купила автомобил, а потоа и стан.

– На 18 години си купив „Пунто“, но набрзо заработив пари за најновиот „Мерцедес“. Кога купив стан, си реков во себе: „Тоа е тоа, ништо повеќе не ти треба“, Но, естрадата те тера да бидеш подобар и посилен – заклучила Дара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот