Ја живеат својата нова младост: Познати дами кои докажуваат дека вистинската забава започнува во вашите 50-ти

Фото: Profimedia/Instagram

Дека годините се само бројка покажува и фактот дека многу жени ширум светот се охрабруваат на големи чекори и промени независно нивните години. Има и такви кои поголемиот дел од животот го поминале следејќи строги правила „благодарение“ на нивните кариери, но решиле дека е време животот да го живеат по свое.

Последниве неколку недели ова лето често гледаме познати жени на 50-годишна возраст како лудо се забавуваат. Како да се ослободиле од сите сопирачки и конечно решиле едноставно да уживаат во животот без никакво оправдување. Годините на искуство несомнено им донеле мудрост, зрелост, но и доза на ексцентричност.

Карла Бруни

карла бруни
Карла Бруни и Никола Саркози / Фото: Independent Photo Agency Srl / Alamy / Alamy / Profimedia

Иако никогаш не биле еден од униформираните парови, Карла Бруни и поранешниот француски претседател Никола Саркози во текот на неговата политичка кариера внимаваа на своето однесување и пораките што ги испраќаат до светот. Но, сега кога тој период е далеку зад нив, конечно им се препуштија на страстите, без разлика дали околу нив има несакани погледи. Пред неколку дена беа фотографирани на шпанскиот остров Формeнтера како на нивнaта луксузна јахта си разменуваат нежности. Јавноста брзо го прифати ваквото опуштено однесување на поранешниот претседател, а особено ја пофали 54-годишната Карла Бруни.

Поранешната манекенка и мајка на две деца е симбол на жена која знае како да старее. Полна со добар дух, ведра, безгрижна, а во исто време се грижи за себе. Изгледа сензационално, најмногу поради тоа што зрачи каде и да се појави. Годините ѝ одат само во корист, а знае да ужива во поглавјето од животот кое е само за неа предодредено.

Шерон Стоун

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Таков сличен впечаток остава во последно време остава и актерката Шерон Стоун, која посебно изненади со својата топлес фотографија која неодамна на сподели на својот официјален инстаграм-профил. Оваа 64-годишна холивудска сензација која го освои светот со своите врвни улоги сега на сите им покажа дека ја живее својата нова младост. Оваа атрактивна русокоса немаше проблем да го покаже своето голо тело пред милионите на социјалните мрежи, а со тоа да им даде ветер в грб на сите нејзини врсници да излезат од својата комфорна зона.

Синди Крафорд

Фото: Профимедиа

Тука е и поранешниот супермодел Синди Крафорд, која на 57 години изгледа одлично. Иако низ младоста доминираше и крадеше воздишки на модните писти, Синди денес ужива во плодовите на својот труд и не крие колку ѝ е убаво. Таа моментално се одмара во својата викендица во Канада, а таму е направена една од нејзините познати фотографии во бикини, со која го воодушеви светот. Крафорд е една од ретките познати личности која решила достоинствено да старее, а во исто време добро да се грижи за својот изглед. Претпочита здрав живот, но не во екстреми, не пропушта тренинзи, па затоа не е ни чудо што со добро извежбаното тело може да ги освојува модните писти и на прагот на своите 60-ти години.

Џенифер Лопез

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Една од жените која навистина знае да ужива во животот е Џенифер Лопез. Латино дивата и во своите 50-ти години нема мир, туку го живее животот максимално. Таа неодамна се омажи за својата љубов од младоста, актерот Бен Афлек, работи со полно работно време, а знае и да земе воздух и да се одмори. Нејзиното мото е дека животот започнува дури во 40-тите години, а тоа навистина ни го докажува со својот пример.

Елизабет Харли

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Британската претставничка на оваа категорија е секако Елизабет Харли, која на 57-годишна возраст многу сериозно ја сфаќа улогата на амбасадорка на сопствената линија на облека за лето која ја основаше во 2005 година. Лиз знае со што располага, знае дека речиси ѝ нема рамен и не се срами да го покаже тоа. Иако се ближи до шестата деценија, таа нема намера да запре. Со својот живот, искуство и исполнети денови, таа дефинитивно е инспирација за сите кои запаѓаат во рутината на здодевното пензионирање.

Можеби живеат во свет кој традиционално ги поставува младите на тронот, овие средовечни дами знаат дека животот е пред нив, тие се во славната нова фаза на слободата. Додека нивните помлади колеги се зафатени со градење кариери, справување со предизвиците или тукушто основаат семејства, тие конечно можат да се релаксираат откако претходно ги освоија своите индустриите и ќе им помогнат на своите деца да прераснат во прекрасни млади луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот