Ја имаме добитната комбинација – Неутрални нијанси на облека за топлите летни денови!

Оваа модна сезона предвидува неутрални бои. Сите нијанси на беж се вистински хит.

Дизајнерите и модните куќи ги презентираа трендовите за летната сезона пред извесен период, а парчињата облека во овие нијанси најдоа забележително место во бутиците денес.

Instagram

Едноставни памучни фустани, лесни шорцеви и ленени наметки сега се на врвот на списокот за шопинг. Предноста на овој тренд е што лесно се комбинира и изгледа елегантно.

Instagram

Можете да комплетирате широки памучни фустани со ракави, манжетни, кожен ремен во потемна кафена боја – додека додатоците изберете ги во златна боја, бидејќи тие ќе го подобрат впечатокот за елеганција и скапоценост.

Instagram

За топлите денови и дневната прошетка, можете да додадете папучи со анатомски ѓон и широки ремени на оваа облека. За вечерните часови можете да пробате комбинација со лесни летни чизми или сандали со средно висока потпетица.

Прочитајте и...  Ен Хатавеј ја покажа својата морничава трансформација за филмот „The Witches“
Instagram

Ако сте љубител на костуми, лененото платно ќе биде вистинскиот избор за топлите денови. Ви предлагаме да изберете бермуди или шорцеви наместо долги панталони.

Instagram

Овој костум целосно ќе го освежи вашиот стил и ќе изгледате модерно и трендовски. Сандалите со тенки ремени или кожа, како и мокасини ќе бидат идеална комбинација со овој вид костум.

Instagram

Поврзани вести

Фаталната Ана Гарднер: Најголемата љубов на Френк Синатра и Ернест Хемингвеј

Слободен Печат

Жан Клод Ван Дам го прослави 60-от роденден, му честиташе и Драгана Мирковиќ (ФОТО)

Слободен печат

Дали асертивната комуникација е клучот за квалитетни меѓусебни односи?

Слободен Печат

Беше вистинска убавица и жена на славниот актер, а денес живее на улица и собира храна од контејнери (ФОТО)

Слободен печат

Никол Шерцингер изгледа неверојатно во својата петта деценија (ФОТО)

Слободен Печат

Каква промена! Издание во кое Џенифер Лопез изгледа речиси непрепознатливо (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар