Фото: илустрација / Pixabay

Извештајот на странските експерти за непотребните операции на срце нема да се објави, вели Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека целосниот извештај подготвен од странската експертска комисија, кој ги потврди сомнежите за изведувани непотребни операции во приватни болници во Македонија, нема да ѝ биде достапен на јавноста, а ова го оправда со потребата да се заштити приватноста на пациентите.

Тоа се токму пациенти и членови на нивни семејства кои пријавија дека во приватни болници им биле извршени кардиолошки операции само поради профит, без за тоа да има медицински индикации. Комисијата од странски експерти ова го потврди во девет случаи.

Министерот Алиу вели дека извештајот содржи премногу сензитивни детали кои подлежат на Законот за заштита на личните податоци, а според него, во вакви специфични случаи не е доволно само да се сокријат имињата на пациентите. Комбинацијата од дијагнози, датуми на интервенција и специфични клинички текови може лесно да открие за кои пациенти станува збор, тврди Алиу.

Одлуката е донесена согласно член 25 од Законот за заштита на правата на пациентите, кој гарантира тајност на медицинската документација.

Странската комисија изврши независен увид на 13 претходно издвоени предмети. Резултатите покажуваат дека кај девет пациенти постојат сериозни сомнежи за несоодветни дијагностички евалуации и индикации за хируршки процедури.

Министерството за здравство не ги соопшти имињата на приватните болници во кои биле третирани пациентите кај кои комисијата утврдила дека има сомнеж за непотребно извршени операции.

Кедев смета дека треба да се обелодени кој во Македонија оперира срце само за пари и без медицинска потреба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот