Изов повика 23 фудбалерки за натпреварот против Бугарија во Софија

фото: ФФМ

Женската македонска фудбалска А репрезентација на 5 декември во Софија ќе го одигра натпреварот од четвртото коло во Лига на нации против домашната Бугарија.

Селекторот на нашите најдобри фудбалерки Кирил Изов за мечот против нашиот источен сосед ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје).

Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана).

Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед).

Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед).

Натпреварот меѓу женските репрезентации на Бугарија и Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија. Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3 декември во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот