Изненадување во Синсинати, Чориќ го елиминира Надал
Хрватскиот тенисер Борна Чориќ приреди големо изненадување на мастерс турнирот од серијата 1000 во Синсинати откако во второто коло го елиминира Рафаел Надал.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Хрватот по речиси три часа игра, во три сета со 7:6,4:6,6:3 го победи Шпанецот.
Во првиот сет и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, Чориќ не дозволи ниту една брејк топка, додека Надал успешно ја одбрани едната можност за одземање на сервисот, по што сетот беше решен во тај-брејкот.
Во него, прв до мини брејк дојде Чориќ и поведе со 3:2 но Надал возврати во седмиот поен, за потоа двајцата тенисери да направат по два мини брејка, се до 20 поен кој му припадна на Чориќ и го освои сетот со 11:9.
Во вториот сет, Надал ја искористи првата брејк топка на мечот и поведе со 3:4 по што со сигурен сервис дојде до израмнување на 1:1 во сетови. Ж
Еден брејк имаше и во третиот сет, овој пат му припадна на Чориќ и кој се покажа како клучен за победникот. Хрватот во одлучувачкиот сет славеше со 6:3 и си закажа дуел со уште еден Шпанец, роберто Баутиста-Агут во следната рунда.


