ВИДЕО | Изненадување во Кан: Харисон Форд ја доби почесната награда „Златна Палма“

Фото: Instagram/ festivaldecannes

Холивудската легенда Харисон Форд, на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан,  се појави со својата сопруга Калиста Флокхарт, за да го претстави петтиот и последен дел од серијалот филмови за археологот Индијана Џоунс.

Фото: Niviere David/ABACAPRESS.COM / Shutterstock Editorial / Profimedia

Кога организаторите ја најавија премиерата на филмот, посочија дека ќе му оддадат признание на 80 годишниот американски актер, но не открија за што точно се работи.

Меѓутоа, пред самата премиера на филмот „Indiana Jones and the Dial of Destiny“, на актерот ненајавено му беше врачена почесната награда „Златна палма“.

„Длабоко сум трогнат од ова признание.„Индијана Џонс беше со нас 40 години. Ова е последниот филм. Свесни сме колку години има и колку му е тешко да биде свој на таа возраст“, рече Форд.

Имено, славниот холивудски актер оствари галерија на разновидни филмски улоги како Хан Соло во сагата „Star wars“, во култниот филм „Blade Runner“ и улогата на Индијана Џоунс, серијалот филмови кој започна уште во 1981 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот