Изненадување на „Ролан Гарос“, елиминирана втората носителка! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Остапенко до победата дојде за само 69 минути игра, а во 17 гемови имаше 27 директни поени.

Летонката Јелена Остапенко пред три години беше најдобра тенисерка во историјата како неносителка, во 2017 година ја освои титулата шампионка на „Ролан Гарос“.

Денеска за првпат после 2017 година повторно стигна до третото коло елиминирајќи ја втората носителка на турнирот, Каролина Плишкова од Чешка со 2:0 во сетови 6:4 и 6:2.

Остапенко до победата дојде за само 69 минути игра, а во 17 гемови имаше 27 директни поени.

– Таа е голема тенисерка и знаев дека ќе биде тешко. Морав да го играм најдобриот тенис за да победам – рече Остапенко, која само по четврти пат во кариерата доаѓа до триумф против тенисерка од Топ 10 во грен слем мечевите.

За Плишкова ова е само продолжување на лошите резултати на грен слем турнирите, на кои од „Австралија опен 2019“ не помина подалеку од осминафиналето.

На останатите завршени дуели денеска во женска конкуренција, Квитова двапати со 6:3 ја елиминираше Паолини, потоа Сабаленка со 7:6 (6) и 6:0 триумфираше над Русинката Касаткина, а уште беа уште Американките Колинс и Кенин.

Кај мажите Унгарецот Фучович со 3:0 во сетови 7:6 (2), 6:3 и 7:5 славеше против Рамос од Шпанија, а Монтеиро од Бразил со 7:6 (5), 6:4 и 6:1 беше подобар од Американецот Гирон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот