Изложба на скулптурот Слободан Милошески во Гевгелија

фото: МИА

Во Гевгелија синоќа беше отворена изложба на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации,” од авторот Слободан Милошески.

На изложбата која е поддржана од Министерството за култура, Милошески пред гевгеличани се претстави со 15 скулптури.

Критичарите на уметноста го сметаат за еден од најдобрите македонски скулптори во групата уметници кои работат во доменот на апстрактно – минималистичкиот концепт поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско импровизирани материјали за создавање дела од разни размери.

-Најважно е што неговите скулптури имаат изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен да учествува во тој динамизам станувајќи вовлечен во нивниот раст, со што тие, скулптурите, се чувствуваат како длабоки човечки движења во потрага по спокојот,рече на отворањето гевгелиската уметничка Мирјана Крстева Массетти.

Авторот Слободан Милошески досега реализирал повеќе од 20 самостојни изложби и учествувал на 60 групни изложби во земјата и странство на кои добил 13 награди и признанија.Член е на ДЛУМ од 2009 година, а моментно работи како доцент на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот