Излечен пациент од ковид-19 порачува: Не чекајте да ви се влоши состојбата, па потоа да барате спас!

Уште еден од многу излекувани пациенти од ковид центарот на Клиниката „Жан Митрев“ заминува дома.

Овој 55 годишен велешанец по една недела лежење во инфективното одделение во Велешката болница решил да го побара својот спас во клиниката „Жан Митрев“.

Во ковид одделението на Клиниката веднаш почнал процесот на хемофилтрација за што сведочи и самиот пациент. Опоравувањето течело бавно, поради неговата тешка состојба во која бил донесен, но, сепак, по неколку дена се појавиле првите знаци за надеж дека ќе биде подобро.

Брзо и ефикасното лекување е клучот на успешниот третман за што говори и пациентот. Тој упатува порака до сите кои се болни да не чекаат да им се влоши состојбата па потоа да бараат спас.

Погледнете го видеото.

комерцијален пр текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот