Фото: „Икс“ / Nicușor Halici

ВИДЕО | Изгоре село во Романија — пожар проголта 32 куќи

Голем пожар го зафати селото Совеја во округот Вранча во Романија, каде што околу 300 жители беа евакуирани, а 32 куќи беа целосно уништени, објавуваат медиумите.

Пожарот избувнал во утринските часови, најверојатно поради запален оџак на куќа, а за само неколку часа брзо се  проширил поради силните ветрови, кои носеа искри од куќа до куќа. Мештаните велат дека куќите, претежно дрвени, се запалиле речиси истовремено.

„Искри скокаа од една куќа во друга. Не знаевме што прво да спасиме“, рече една жителка.

На терен биле ангажирани повеќе од 200 пожарникари од шест окрузи, со десетици возила и опрема, а во гаснењето на пожарот вклучени 13 противпожарни возила со вода и пена, седум оперативни камиони, три минибуси за транспорт на персонал, како и две екипи на брза помош.

Поради стресот и загубата на имотот, четворица претрпеле напади на паника, но нема информации за сериозни повреди.

Евакуираните семејства се привремено сместени во селски пансиони и во базата на локалната спасувачка служба. Најранливите жители на селото, вклучувајќи ги старите луѓе и децата, се згрижени кај соседи и роднини.

;

ВИДЕО: Се запали фабрика за бисквити во Грција, загинаа четворица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот