Изгледајте и чувствувајте се одлично! – Осум неопходни витамини за жените

Фото: Профимедиа

Што ја прави жената убава? Густата, сјајна коса и нокти? Блескавата насмевка? Блескавата кожа? Или, тоа е младешкото тело? За да го обезбедите сето ова, потребни ви се следните осум хранливи материи.

Хидролизиран колаген

Колагенот е структурна компонента на кожата, која ѝ помага на кожата да ја одржи својата еластичност и цврстина.

Магнезиум

Магнезиумот е многу важен елемент на човечката исхрана и ја олеснува апсорпцијата на калциумот и витаминот Д.

Витамин Б1

Витаминот Б1 помага во ослободувањето на енергијата, регулирајќи го метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините. Помага во подоброто функционирање на нервите и ја зголемува менталната активност, па дури и тонусот на мускулите.

Витамин Б2

Витаминот Б2 придонесува за подобро функционирање на метаболизмот, за создавање здрава кожа, нокти и коса. Покрај тоа, го смирува отекувањето во устата, усните, јазикот и придонесува за подобар вид.

Фото: Профимедиа

Витамин Б5

Витаминот Б5 помага во регулирањето на метаболизмот и синтезата на хормоните, нормалниот развој на телото и централниот нервен систем. Исто така, ѝ помага на надбубрежната жлезда да функционира правилно и ги претвора шеќерот и маснотиите во енергија.

Витамин Б6

Витаминот Б6 придонесува за нормална енергетска ефикасност на метаболизмот на аминокиселините, мастите и протеините. Може да помогне во намалувањето на заморот, додека неговата функција е клучна за нормалното функционирање на мозокот, нервните и мускулниот систем.

Силициум

Силициумот помага во создавањето на поеластична и поцврста кожа, ја зајакнува косата и помага во подобрата апсорпција на витамините и минералите кои човечкото тело ги прима.

Колаген

Колагенот е секаде во нашето тело – во очите, зглобовите и секако во нашите крвни садови. Како основен протеин на телото, недостатокот на колаген создава проблеми. И со текот на годините, телото произведува сѐ помалку и од овој основен протеин. Проблемот со колагенот е што не можеме да го добиеме од кој било вид храна, така што единствениот начин да го добиеме е преку консумирањето додатоци на исхраната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот