Фото: Тениска федерација на Македонија

Ивановски против Хрватот Пољичак во првото коло на АТП Челинџер турнирот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во првото коло на АТП 75 Челинџер турнирот Macedonian Open 2025 ќе игра против Мили Пољичак од Хрватска, кој е осми носител на турнирот. За Ивановски ова ќе биде втор настап на Челинџер турнирот во Скопје. Првиот настап го имаше во 2023 година, а лани поради повреда го пропушти турнирот.

Прв нсоител на турнирот е Хуго Делиен од Боливија, кој е рангиран на 103 место на АТП листата и во првото коло ќе игра против тенисер од квалификациите. Тој според својот ранг има обезбедено и настап на Грен Слем турнирот Ролан Гарос.

Меѓу учесниците е и ланскиот победник Жоел Шварцлер од Австрија, кој во првата рунда ќе игра против Гонзало Буено од Перу. На турнирот ќе учествуваат и двајца тенисери кои оваа недела триумфираа на Челинџер турнир: Дино Прижмиќ од Хрватска го освои турнирот во Загреб, додека Унгарецот Сомбор Пирош од Унгарија, кој го освои турнирот во Тунис.

Мечевите од првото коло ќе стартуваат во понеделник. Турнирот се игра за награден фонд од 100.000 долари.

Воедно четири македонски тенисери ќе бидат дел од утрешните мечеви од првото коло од квалификациите. Во „костурот“ од квалификациите се: Берг Бугариќ, Обрад Марковски, Амар Хусеиновиќ и Стефан Мицов. Тие ќе настапат со „вајлд карти“, а добија исклучително силни ривали во квалификациите.

Марковски за противник го доби првиот носител од квалификациите Даниел Михалски од Полска, додека Бугариќ за ривал го има осмиот носител во квалификациите Неил Оберлајтнер од Австрија, кој лани беше четвртфиналист на турнирот во Скопје. Најмладиот наш тенисер во квалификациите Хусеиновиќ за ривал ќе го има Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина (петти носител), додека Мицов ќе игра против добро познатото име во Скопје Жерар Кампана Ли од (Јужна Кореја), кој лани на турнирот во Скопје беше полуфиналист, а пред две години играше во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот