Гостинско предавање на Иван Ивановски од Prime Class на Економскиот факултет во Скопје.
Предавање на Иван Ивановски на Економскиот факултет во Скопје / Фото: Prime Class

Финансиската писменост во фокус: Ивановски со гостинско предавање на Економскиот факултет во Скопје

Ивановски со студентите на УКИМ ги анализираше влијанијата на актуелните глобални теми врз движењата на светските берзи и инвестициските стратегии.

Во услови на зголемена глобална неизвесност и динамични економски текови, финансиската писменост сè повеќе се наметнува како суштинска вештина како за пошироката јавност, така и за сите кои активно управуваат со капитал. Во таа насока, на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа гостинско предавање од страна на Иван Ивановски, основач на Prime Capital и креатор на primeclass.mk – водечка едукативна платформа за инвестирање и дневно тргување во Македонија и регионот.

Предавањето беше реализирано во рамки на Quant Talks, во организација на Катедрата за математика и статистика, а се одржа во салата за состаноци на професорите, пред професори, доктори на науки и студенти.

Македонци остварија профит од 30 милиони долари во 2025, еден заработил 100.000 долари во еден ден: Скопје беше домаќин на годинашната конференција на Prime Class

Во фокусот на предавањето беше влијанието на геополитичките случувања врз финансиските пазари, при што беа анализирани актуелни глобални теми како воени конфликти, политички тензии и економски политики, и нивното директно влијание врз движењата на светските берзи и инвестициските стратегии.

Гостинско предавање на Иван Ивановски од Prime Class на Економскиот факултет во Скопје
Ивановски објансни зошто е клучно да се остане доследен на стратегијата и кога да се искористат можностите за дополнително инвестирање / Фото: Prime Class

Посебен акцент беше ставен на делот на финансиските контракти нивната структура, механика и практична примена на пазарите. Преку конкретни примери, присутните имаа можност подетално да се запознаат со начинот на кој овие инструменти се користат за управување со ризик, оптимизација на портфолио и позиционирање во услови на нестабилни пазари. Во рамки на дискусијата, накратко беше опфатено и инвестирањето преку индексни фондови, како дел од поширокиот пристап кон современото инвестирање.

Гостинско предавање на Иван Ивановски од Prime Class на Економскиот факултет во Скопје.
Геополитиката не е теорија, туку фактор што директно влијае врз капиталот: / Фото: Prime Class

На предавањето присуствуваа и активно учествуваа во дискусијата професорите Драган Тевдовски, Игор Ивановски, Леонид Наков и Борче Треновски, чие присуство придонесе за дополнителна стручна длабочина и квалитетна размена на мислења.

„Нашата цел не е да предвидиме што точно ќе се случи на пазарите, туку да изградиме начин на размислување. Во услови на неизвесност, најголемата грешка е импулсивната реакција. Наместо тоа, клучно е да се остане доследен на стратегијата да се задржат позициите и, кога постои основа, да се искористат можностите за дополнително инвестирање.

Геополитиката не е теорија, туку фактор што директно влијае врз капиталот, а контрактите се еден од инструментите преку кои тој ризик може да се разбере и управува. Финансиската писменост значи разбирање на процесите, а не реагирање на настаните,“ истакна Ивановски за време на предавањето.

Настанот претставува уште една потврда за значењето на поврзувањето помеѓу академската заедница и практичната индустрија, со цел унапредување на знаењето и подготвеноста на новите генерации.

Гостинско предавање на Иван Ивановски од Prime Class на Економскиот факултет во Скопје.
Пред полната сала студенти, Ивановски објасни што значи финансиската писменост / Фото: Prime Class

Од Економскиот факултет во Скопје истакнаа благодарност до Иван Ивановски за квалитетното предавање и значајниот придонес кон приближување на финансиските пазари до академската заедница.

Prime Class и Prime Capital продолжуваат со активности насочени кон подигнување на финансиската писменост и приближување на финансиските пазари до пошироката јавност, со јасна визија за создавање поинформирана и економски подготвена заедница.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот