Македонци остварија профит од 30 милиони долари во 2025, еден заработил 100.000 долари во еден ден: Скопје беше домаќин на годинашната конференција на Prime Class
Со порака дека финансиската писменост, дисциплината и управувањето со ризик се темел на одржливо инвестирање, во Скопје се одржа годишната конференција на Prime Class под наслов „Инвестирањето во 2026“, која собра голем број членови на македонската заедница, млади инвеститори и професионалци од финансискиот сектор.
Prime Class e локална платформа за финансиска едукација за инвестирање и тргување со берза, единствена од својот тип во Македонија. Основач е Иван Ивановски, во македонската јавност познат и како еден од главните луѓе зад „Супорт Кочани“ (Support Kocani), а тимот брои уште седум луѓе, сите од Македонија. Низ годините, бројката на студенти надмина четири цифри, а првата конференција се одржа измината година во Кочани, од каде е и тимот на Prime Class, додека годинава настанот го наполни хотелот „Хилтон“ во Скопје.
Препорачано

Конференцијата беше отворена со обраќање на Иван Ивановски, кој е и ко-основач на Prime Capital by Adora, кој повика на одговорно и свесно инвестирање и на градење култура на долгорочно размислување, наместо следење на краткорочни трендови. Тој откри и дека само во 2025 година, студентите на Prime Class оствариле профит од 44,8% на своите портфолија, односно над 30 милиони долари.
„Инвестирањето не е брза одлука и не е игра на среќа. Тоа е процес што бара знаење, структура, дисциплина и трпение. Ако не ги разбираме циклусите и бизнис моделите на компаниите во кои вложуваме, тогаш не инвестираме, туку шпекулираме,“ истакна Ивановски во своето обраќање.
Во текот на конференцијата беа презентирани повеќе перспективи за современото инвестирање, од професионално управување со капитал преку примерот на Prime Capital во САД, до разговор со Мелита Гугуловска, генерален директор на Сава Осигурување за инвестициски ризик и улогата на осигурувањето како стратегија за финансиска стабилност.

Посебен акцент беше ставен и на примената на вештачката интелигенција во анализа на компании и оптимизација на ресурси, како алатка што веќе денес го менува начинот на носење инвестициски и бизнис одлуки.
Вториот дел од настанот беше посветен на резултатите на Prime Class заедницата во 2025 година и на доделување награди на најуспешните студенти. Студентите со најголем раст на портфолио добија признание за дисциплина, континуитет и одлуки донесени во реални пазарни услови. Од петте студенти со најдобри резултати, особено се истакна еден студент кој во еден ден заработил 100 000 долари со дневно тргување, кој воедно бележи раст од 500% на своето работно портфолио.

Посебни благодарници добија и најактивните членови на Дискорд, кои секојдневно со своите совети, поддршка, анализи и коментари градат позитивна инвестициска култура во која сите членови учат од грешките на другите и се радуваат на заедничките успеси.

Кулминацијата на конференцијата беше keynote-презентацијата на Иван Ивановски „Топ 5 компании за 2026“, во која беа анализирани глобалните трендови што ќе го обликуваат пазарот во наредната година и критериумите според кои инвеститорите треба да ги препознаваат компаниите со долгорочен потенцијал.
„Нашата цел не е да им дадеме на луѓето листа што да купат, туку начин како да размислуваат. Кога ќе научите да ги читате трендовите и да ги разбирате бизнисите зад бројките, тогаш сте чекор поблиску до стабилно и зрело инвестирање,“ нагласи Ивановски.
Со конференцијата „Инвестирањето во 2026 година“, Prime Class уште еднаш ја потврди својата мисија да придонесе кон унапредување на финансиската писменост и создавање поодговорна инвеститорска култура во Македонија. Платформата се шири и во регионот, односно веќе постои голем интерес во Србија, а наскоро ќе добие и превод едукативните модули и на повеќе јазици.
View this post on Instagram


