Иван Андонов е нов играч на одбојкарскиот клуб Шкендија

Иван Андонов потпиша за тетовска Шкендија/фото: KV Shkëndija Tetovë

Иван Андонов официјално е провомовиран како ново засилување на екипата на одбојкарскиот клуб Шкендија од Тетово за новата сезона 2022/2023.

Андонов кој игра на позицијата среден блокер има настапи за најдобрата македонска одбојкарска репрезентација.

Тој е помеѓу искусните играчи во националниот шампионат, го носи репрезентативниот дрес од 2006 година.

До сега беше член на клубови шампиони во нашаtа земја и други балкански земји вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

На клупски план ги бранеше боите на Пробиштип, Работнички Фершпед, Вардар, Шотова Кичево, Борец, Безбедност и ОК Пробиштип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот