Италијанска торта од ориз: Едноставна, вкусна и здрава

Фото: Peter Bocklandt / Alamy / Alamy / Profimedia

Едноставна, вкусна и здрава, оваа торта е совршена како „нешто слатко“ после ручек или како ужина, а можете да ја јадете и за појадок.

Оризовите слатки се вообичаени на северот на Италија, каде што се подготвуваат уште од средниот век. Во основа на сите им е заедничко тоа што оризот полека се готви во млеко, а потоа се пече во рерна.

Постојат многу верзии на торти и колачи на база на ориз, а италијанската оризова торта со вкус на портокал едноставно е неодолива.

Ќе ви требаат околу 20 минути за подготовка и уште еден час за печење.

Состојки:

• 1,7 л млеко
• 1 мешунка од ванила
• ½ лимон, само кора, поголеми парчиња
• 200 г шеќер
• 300 г ориз арборио
• 5 јајца, одвоени белки и жолчка
• 50 мл ликер од портокал
• 40 г суво грозје по желба
• 1 портокал, само кората, изрендана, плус за сервирање
• шеќер во прав, за сервирање

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте го калапот за колачи од 24 сантиметри со отстранливо дно и обложете го со хартија за печење.
2. Во поголемо тенџере ставете го млекото, мешунките од ванила, парчињата кора од лимон и шеќерот и оставете да зоврие. Додадете го оризот и варете на тивка до средна топлина околу 20-25 минути, додека оризот не стане мек и не го впие млекото, но треба да биде кремасто. Тргнете од оган и оставете да се излади. Отстранете ја кората од лимон.
3. Изматете ги жолчките и ликерот во сад додека не станат пена.
4. Во друг сад направете цврст шлаг од белки.
5. Додадете ја смесата од жолчките во изладениот ориз, па измешајте го шлагот од белката, па сувото грозје и кората од портокал. Истурете во подготвениот калап и печете во рерна 1 час.
6. Послужете топло или ладно, посипете со малку кора од портокал и шеќер во прав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот