Вакцинација против сезонски грип/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Италија ги укина казните за луѓето кои не примија ковид-вакцина

Владата на Џорџа Мелони во Италија ги укина казните за луѓето кои одбија да ги примаат задолжителните вакцини против ковид-19 во екот на пандемијата, јави „Јуро викли њуз“

Италија беше меѓу земјите најтешко погодени од пандемијата и има регистрирано повеќе од 190,000 смртни случаи, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Марио Драги, претходникот на премиерката Џорџа Мелони, ја направи вакцинацијата задолжителна за наставниците и здравствените работници и ја прошири обврската на сите постари од 50 години за време на неговиот мандат меѓу 2021-2022 година. Според прописот, јавните службеници кои одбија да се вакцинираат беа суспендирани од работа без плата, а оние над 50 години беа казнети со 100 евра. Во новото владино соопштение се наведува дека се укинати казните, како и сите обврски за плаќање.

Италијанските медиуми изнесоа идеја за враќање на парите на оние што платиле, но тоа не беше споменато во соопштението. Мелони, која ја презеде функцијата на крајот на 2022 година на чело на десничарската коалиција, ги обвини нејзините претходници Драги и Џузепе Конте за идеолошки пристап кон Ковид, ветувајќи дека ќе ги направи работите поинаку.

Опозициските партии луто реагираа на овој потег.

– Укинувањето на казните за оние кои не биле вакцинирани е начин на намигнување на противниците на вакцинацијата, изјави Рикардо Маги, претставник на малата италијанска партија +Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот