ИТ фриленсерите од Македонија се барани во светот, гевгелискиот регион во голема мера зависи од Грците

Државата е во рецесија, и претпоставките се дека ИТ инженерите имаат највеќе работа во моментов.

-На почетокот имаше некои најави дека ќе се намалува работата, но нашата индустрија не претрпе некоја голема криза. Сега пак бидејќи сите економии повторно се отвараат обемот на работа се зголемува, изјави ИТ инженерот и маратонец Ангел Арнаудов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

И ПОКРАЈ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ, СЕПАК ИМА ДОВОЛНО РАБОТА. 

-Тимот со кој што соработувам се состои од 4-5 луѓе, што е сосема доволно. Со мал и ефективен тим, доволен е и овој број. Има доволно пари и за секојдневен живот. Со специјализацијата со текот на работата ние се специјализираме за посебни делови. Затоа заминувањето преку барата не е опција во овој момент. Два пати годишно одење во САД или Англија е сосема доволно. Проетите со текот на времето сами доаѓаат. Јас во фриленсингот сум некаде од 2010 година. Претходно на запад работев во канцеларија. Сега имам доста конекции во западниот свет и проекти има. Можам слободно да кажам дека дури и во овој момент со коронавирусот има доволно работа, вели Арнаудов.

ОКОЛУ ОТВОРАЊЕТО НА ГРАНИЦИТЕ И БИЗНИСИТЕ АРНАУДОВ ВЕЛИ ДЕКА ГЕВГЕЛИСКИОТ РЕГИОН ВО ГОЛЕМА МЕРА ЗАВИСИ ОД ГРЦИТЕ.

-Голем број од бизнисите зависат од нашите јужни соседи.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО И НАШАТА ПОДГОВОТВЕНОСТ

Компаниите кои и пред коронавирусот даваа и опции за работа од дома не претрпеа некои штети, бидејќи веќе беа подготвени, за разлика од оние кои што транзитираа канцеларија-дома претрпеа штети. Со Ковид-19 и во нашето општество доста организации преземаа чекор за работа од дома. Сметам дека сега сме на добар пат при евентуален нов бран на вирусот, успешно да работиме,  изјави Арнаудов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот