Асимптоматските пациенти се подеднакво заразни како и оние со симптоми!

Фото: Профимедиа

Новото истражување открило дека коронавирусот го пренесуваат асимптоматски пациенти подеднакво како и оние кои имаат кашлица и температура.

И што е важно, многу е веројатно дека лицата без симптоми на кои вирусот им се крие во носот и во грлото, во поголем дел ќе го пренесат истиот.

Тим од Универзитетската болница во Сеул истакнува дека наодите дополнително сугерираат на важност на зголемено тестирање кај луѓето и барање контакти за луѓето без симптоми да можат брзо да се изолираат и да се намали ризикот од пренесување на вирусот. Тимот прегледал 3030 пациенти заразени со вирусот, меѓу 6 и 26 март. Сите учесници биле изолирани во центарот за лечење во Чеонан, град јужно од престолнината Сеул.

Од вкупниот број тестирани, 63,7 отсто биле симптоматични кога влегле во изолација. Од 36,3 пациенти кои немале симптоми, 21 отсто развиле симптоми за време на изолацијата.

Најчестите знаци на инфекција вклучувале покачена температура, кашлица и губење на здивот, но вклучувале и треска, како и загуба на чувството за мирис и вкус. Тимот ги прегледал и негативните тестови, изведени со тестирање на горните и долните дишни органи, и биле дефинирани како негативни кога се вратиле негативни од тестирањето. Резултатите покажале дека вирусното оптоварување на симптоматските заболени лица временски траело подолго отколку кај асимптоматските пациенти.

По 14 дена во изолација, 33,7 проценти без симптоми добиле негативен тест на коронавирус во споредба со 29,6 симптоматски пациенти. До 21-от ден, 75,2 пациенти со асимптоматско заболување добиле негативни резултати од испитувањето во споредба со 69,9 отсто од оние кои имале симптоми. Во просек за сите пациенти од позитивниот наод до првиот негативен поминале 17 дена за симптоматските заболени и 19,5 дена за симптоматските болни. 

Покрај тоа, тимот не забележал значајна разлика во количината на заразените клетки меѓу оние со и без симптоми.

– Многу поединци со инфекцијата SARS-CoV-2 останале долго време без симптоми, а вирусното оптоварување било слично на она кај симптоматските пациенти, напишале авторите.

– Затоа би требало да се изведува изолација на заразените без оглед на симптомите. Со оглед на тоа дека пренесувањето на заразата преку асимптоматските пациенти може да биде клучен фактор за ширење на вирусот во заедницата, би било пожелно надгледување на граѓаните и изолација на симптоматските пациенти секогаш кога тоа е можно, заклучува студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот