ИСТОРИЈА: Роналдо во Гинисовата книга на рекорди
Кристијано Роналдо во средата донесе победа за Португалија со двата гола и ја врати на првото место во групата „А“ од европските квалификации за Светското првенство во Катар.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Покрај тоа што му донесе важни три бода на својот тим, Португалецот го постигна и 111 гол во националниот дрес и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Роналдо ја доби и официјалната потврда за признанието, кој ја сподели фотографијата со плакетата на социјалните мрежи, на која пишува:
„Најмногу голови на меѓународната репрезентативна сцена од еден фудбалер постигна Кристијано Роналдо помеѓу 2003 и 2021 година“.
View this post on Instagram
Иранецот Али Даеи беше на делба на првото место заедно со Роналдо пред натпреварот Португалија – Ирска, а по истиот ѕвездата на Манчестер јунајтед постави светски рекорд.
Да потсетиме, Роналдо ќе го пропушти претстојниот квалификациски натпревар против Азербејџан поради картони.
ВИДЕО: Роналдо со тупаница го удри противничкиот играч, скандал од светски размери


