ВИДЕО: Роналдо со тупаница го удри противничкиот играч, скандал од светски размери

Кристијано Роналдо го удри ирскиот репрезентативец Дара О`Ши/EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Главната фудбалска на Португалија Кристијано Роналдо направи нов потег на натпреварот против Република Ирска во квалификациите за Светското првенство што предизвика лавина реакции.

Португалската репрезентација потешко од очекувањата дојде до три важни бода токму на благодарение на Роналдо со два погодоци во финишот.

Пред да се случи тоа, по првите 45 минути, Ирците водеа со 1:0, Кристијано Роналдо претходно не реализираше пенал, а за да биде работата уште полоша – го погоди и противничкиот играч!

Славниот Португалец се повеќе си дозволува во овие квалификации. По фрлањето на капитенската лента во Белград на крајот од натпреварот против Србија, сега отиде чекор подалеку.

Новото засилување на Манчестер јунајтед беше подготвен да изведе пенал по 15 минути игра, во корист на Португалија, но играчот на Ирска, О’Ши, му пријде и нешто му приговори.

О’Ши исто така малку ја помести топката, а Роналдо го возврати ударот со тупаница, за што не доби ниту жолт картон од главниот судија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот