Истакнат руски научник кој работел на вакцината против ковид-19 бил пронајден мртов со убодна рана

Истакнатиот руски научник Александар Саша Кагански (45), кој работел на вакцината против коронавирусот, бил пронајден мртов со убодна рана кога паднал од прозорецот на една зграда во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.

Тој  паднал од својот стан во Санкт Петерзбур од 14 кат. Бил облечен само во долна облека. Полицијата верува дека се работи за убиство, а не за несреќен случај.

Неговото тело го пронашол сосед на улица, а полицијата верува дека дошло до  тепачка пред Кагански да падне од зградата.

Истрагата е во тек, а руската полиција објави дека ја истражува смртта на научникот како можно убиство. Полицијата уапси осомничен 45-годишен маж и тој е однесен на распит.

Кагански бил асистент на професор во Владивосток, а 13 години работел во Единбург, во Шкотска.

Неодамна бил на позицијата директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина на Далекоисточниот Федералниот универзитет во Русија и работел на лек против ракот.

Се додава дека Кагански работел и на развој на вакцината против коронавирусот. Сепак, не е познато на која од многуте вакцини против ковид-19 работел научникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот