Ирина Шајк и ќерката - Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Ирина Шајк проговори за тоа како таа и нејзиниот поранешен сопруг ја воспитуваат нивната ќерка: „Има ограничен пристап до интернет“

Руската манекенка Ирина Шајк отворено проговори за тоа како таа и нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер ја воспитуваат нивната осумгодишна ќерка, Леа Де Сен, пишува „Пипл“.

Имено, моделот нагласи дека нивен приоритет е да го заштитат детето од негативните влијанија на интернетот и светот на славните личности.

Шајк објасни дека нивната ќерка „јасно разбира“ што прават нејзините родители, но тие сакаат Леа да се чувствува безбедно и удобно. За да го постигне ова, Леа има многу ограничен пристап до интернет, речиси никаков. Нивниот фокус е на тоа нејзиното дете да развива пријателства, заедница и да учи да дава љубов.

„Ова е најдоброто нешто што можете да му го дадете на вашето дете, одгледувајќи го во семејство полно со љубов“, вели 39-годишната Шајк.

Моделот додаде дека е важно Леа да научи да се сака себеси и да развие самодоверба во свет полн со стандарди за убавина. Ирина и Бредли одржуваат пријателски однос дури и по разделбата во 2019 година и заеднички се вклучени во воспитувањето на нивната ќерка, честопати патувајќи и славејќи празници заедно.

Купер претходно изјави дека се надева дека Леа ќе учи од грешките на својот татко и нема да ја оптоварува со неговите проблеми, што дополнително ја потврдува неговата посветеност на заедничкото родителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот