Иран се пожали до ОН за нелегалната заплена на трговскиот брод од страна на САД
Министерството за надворешни работи на Иран го осуди запленувањето на иранскиот трговски брод „Туска“ од страна на американските сили во понеделникот, нарекувајќи го „нелегален и варварски“ чин.
Препорачано
Техеран го пријави инцидентот кај генералниот секретар на ОН и кај Меѓународната поморска организација, велејќи дека тоа го крши меѓународното право и договорот за прекин на огнот, објави Ал Џезира.
Техеран бара итно ослободување
Во соопштението објавено од официјалната иранска новинска агенција ИРНА, министерството побара итно ослободување на бродот, неговиот екипаж и нивните семејства, тврдејќи дека запленувањето било „проследено со заплашување“.
„Предупредуваме за многу опасните последици од овој нелегален и криминален чин од страна на Соединетите Американски Држави и ја нагласуваме потребата од итно ослободување на иранскиот брод, неговите морнари, екипажот и нивните семејства“, се вели во соопштението.
Иран, исто така, ги повика меѓународните организации решително и сериозно да одговорат.
„Исламската Република Иран несомнено ќе ги искористи сите свои капацитети за да ги брани своите национални интереси и безбедност и да ги заштити правата и достоинството на иранскиот народ. Јасно е дека САД носат целосна одговорност за понатамошно влошување на ситуацијата во регионот“, соопшти министерството.
U.S. Marines depart amphibious assault ship USS Tripoli (LHA 7) by helicopter and transit over the Arabian Sea to board and seize M/V Touska. The Marines rappelled onto the Iranian-flagged vessel, April 19, after guided-missile destroyer USS Spruance (DDG 111) disabled Touska’s… pic.twitter.com/mFxI5RzYCS
— U.S. Central Command (@CENTCOM) April 20, 2026
Американска верзија на настаните
Од друга страна, Централната команда на САД објави фотографии од бродот, наведувајќи дека „Туска“ бил запленет по обид за кршење на американската поморска блокада.
Американскиот претседател Доналд Трамп во однос на запленувањето на бродот изјави дека американските сили презеле „целосна контрола“ врз бродот во Оманскиот Залив, нарекувајќи ја акцијата една од најдобрите.


