ИОК тврдоглав: Засега одложувањето на ЛОИ не е опција

ИОК планира да воведе ред во двете проблематични спортски федерации/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Организаторот на најголемиот спортски настан повторно истакна дека Олимписките игри ќе започнат според планираното, на 24 јули иако светот е погоден од пандемија на коронавирусот.

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) разгледува неколку сценарија за летните Олимписки игри во Токио откако пандемијата на коронавирусот го откажа речиси сите спортски натпреварувања ширум светот, но откажувањето на Игрите не е едно од нив, порача Томас Бах, претседателот на ИОК.

Досега како последица од пандемијата на коронавирусот низ целиот свет се загинати 10.405 лица, а дури 252.850 се позитивни на КОВИД-19, но сепак ИОК не размислува за откажување на Игрите.

– Откажувањето на ЛОИ во Токио воопшто не е тема. Одлучни сме во успехот на Игрите – порача Бах во интервју за „Њујорк тајмс“.

Според Бах, ИОК соработува со Светската здравствена организација, и затоа смета дека е прерано да се донесе одлука да одложување.

– Не знаеме каква ќе биде состојбата. Нормално, разгледуваме различни сценарија, но ние се разликувае од многу други спортски федерации и професионални лиги бидејќи имаме четири и пол месеци до почетокот на Игрите. Никој не може да каже што ќе се случува утре, за месец дена или најмалку за четири месеци – додава Бах.

Домаќинот Јапонија според предвидувањата треба да прими повеќе од 600.000 навивачи и спортисти од странство на Игрите за кои спонзорите веќе платија милијарди долари, а чии подготовки ја чинеа Јапонија повеќе од 12 милијарди долари. Бах тврди дека конечната одлука нема да зависи од финансиските интереси.

– 206 национални олимписки комитетот и меѓународни спортски федерации сметаат дека на светот во овие тешки времиња му е потребен симбол на надеж. И ние сакаме, иако не знаеме колку е долг овој тунел, олимпискиот оган да свети на крајот од него – вели Бах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот