Инвестико: Фармацевтските компании не ги зеле предвид родовите разлики за нус појавите од вакцините

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Според белгиската платформа за истражувачко новинарство, Инвестико, петте најголеми фармацевтски компании кои произведуваат вакцини не ги земаат предвид разликите помеѓу мажите и жените во нивните студии за нус појавите по вакцинирањето.

Според белгиските новинари секаде во светот жените пријавуваат почесто и повеќе несакани ефекти од вакцините отколку мажите. Од 156 илјади пријавени нус појави во центарот Лареб во Холандија, 86,6 отсто им се случиле на жени. Едно од објаснувањата е дека жените се позастапени меѓу здравствените работници, а тие се во приоритетните групи за вакцинација. Анализирани се „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Спутник В“ и „Јансен“ и сите објавени научни трудови за нив. Новинарите пишуваат дека ниедна од овие студии не го зема родот в предвид.

Според Инвестико на почетокот на дваесеттиот век жените добивале многу посилна доза од вакцината против грип одошто им е потребна, што предизвикувало почести несакани ефекти.

Мрежата потсетува дека самата Светска здравствена организација препорачала да се земаат родовите физиолошки разлики в предвид во идните истражувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот