Интер и Јунајтед нови четвртфиналисти во Лига Европа (ВИДЕО)

фото: твитер

Вечерва дознавме уште две екипи кои ќе патуваат на завршниот турнир „Фајнл-ејт“ во Германија, тие се Интер и Манчестер јунајтед.

Поради пандемијата на Ковид-19 Интер и Хетафе одиграа еден меч одигран во Гелзенкирхен, „неро-аѕурите“ беа подобри со 2:0.

Во првото полувреме стрелец на првиот гол за миланскиот состав беше Лукаку после асистенцијата на Бастони во 33 минута од средбата.

Шпанците имаа шанса да израмнат во второто полувреме, но непрецизен од пенал беше Молина, па казната дојде во 83 минута кога стрелаше Ериксен.

Манчестер јунајтед (кој на првиот дуел триумфираше со 0:5), вечерва на „Олд Трафорд“ по вторпат беше подобар од ЛАСК (2:1).

Австријците дојдоа во предност со прекрасниот гол на Висингер, но „црвените ѓаволи“ направија целосен пресврт благодарение на Лингард и Марсијал.

Така, веќе е позната првата четвртфинална двојка во Лига Европа, Манчестер јунајтед на 10 август во Келн ќе ги одмери силите против ФК Копенхаген.

Интер го чека победникот од двомечот Ренџерс-Баер Леверкузен (1:3), потоа Шахтјор Доњецк ќе игра со победникот од пресметката Ајнтрахт Франкфурт-Базел (0:3), додека подобриот од Олимпијакос-Вулверхемптон (1:1) во четвртфиналето ќе се сретне со Севиља или Рома кои исто така поради ситуацијата со коронавирусот ќе играат само еден натпревар во Дуизбург.

Лига Европа: Копенхаген без проблеми, елиминиран Волфсбург! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот