Лига Европа: Копенхаген без проблеми, елиминиран Волфсбург! (ВИДЕО)
Денеска се вратија официјално возбудувањата во фудбалската Лига Европа со реванш натпреварите од осминафиналето. ФК Копенхаген и Шахтјор Доњецк ќе играат на завршниот турнир во Германија.
ФК Копенхаген иако по првиот меч имаше негатива од 1:0, успеа да го елиминира турскиот Башакшехир со 3:0 на домашен терен.
Првите два гола за данската екипа беа дело на Винд во четвртата и 52 минута од пенал, а истиот фудбалер беше асистент на третиот погодок кој го реализираше Фалк.
Во следната фаза се пласираше и Шахтјор Доњецк кој по вторпат го совлада Волфсбург (3:0) и со вкупни 5:1 го исфрли германскиот претставник.
На теренот во Киев немаше погодоци во првото полувреме, а во второто имаше по еден црвен картон на двете страни.
Во самиот финиш од средбата Украинците ги постигнаа сите три погодоци, два беа дело на Мораес, а еден на Соломон.