Инспирано од филмскиот серијал „Господар на прстените“: Во Босна и Херцеговина се гради хобитско село

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Во село во близина на Крешево во Босна и Херцеговина се гради „Хобитон“, хобитско село со автентични куќи кои наликуваат токму на една од оние во кои живееле Билбо и Фродо Бегинс. 

Овие необични и амбициозни идеи стојат на 27-годишната геолошка инженерка Марија Миличевиќ и директорка на каменоломот „Врела“, која со поддршка на своето семејство гради четири подземни куќи во нејзиното родно село Раково Нога.


Сместувањето ќе има капацитет за четири лица по викендица. Мала дневна соба одвоена од делот за спиење со преграда, кујна, трпезарија, тоалет и секако дел за скара.


Инаку, оригинално хобитското село каде што се снимаше серијата филмови „Господарот на прстените“, се наоѓа во Нов Зеланд. А, за да влезете во селото треба да платите влез од 89 долари, за оние над шеснаесет години. Тинејџерите од девет до шеснаесет години плаќаат 44 долари, додека за децата под девет е бесплатно престојувањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот